Врз основа на членовите 5, 20 и 76 од Законот на здруженијата на граѓани и фондациите ("Службен весник на РМ" бр.31/98) и член 11 од Статутот на Здружението за негување на православни вредности, Собранието на седницата одржана на ден _______ 2008 година, донесе
С Т А Т У Т
на Здружението на граѓани "ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ"
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Здружението на граѓани "ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ" е невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на свои интереси и уверувања, соработка и развивање на пријателски односи помеѓу православните народи, како и вршење дејности и активности за подобрување на верски (православни), социјални, хуманитарни, едукативни права.
Името на Здружението на граѓани е "ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ" (во понатамошниот текст: Здружението).
Седиштето на Здружението е во Тетово, ул. "Јане Сандански" бр.36.
Здружението на граѓани "ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ" своите задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со одредбите утврдени со Уставот на Р.Македонија, овој Статут, меѓународните договори како и со други законски норми кои регулираат материја од оваа област.
Член 2
Здружението е правно лице.
Здружението има свој печат и штембил.
Печатот е тркалезен и го содржи името на организацијата: "Здружение за негување на православните вредности".
Штембилот на здружението е правоаголен со следниот текст: Здружение на граѓани "Здружение за негување на православни вредности", број, дата и место.
Член 3
Здружението на граѓани "ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ" со посебна одлука на Собранието може да развива различни видови на соработка со други организации од најразлични профили и со асоцијации од земјата и странство кои имаат сродни програмски цели.
ОБЛИЦИ НА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 4
Облици на организирање на Здружението се:
1. ограноци на Здружението во други градови на Р.Македонија
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 5
Граѓаните се здружени во здружението заради остварување на следните цели и задачи:
1. развивање и унапредување на пријателството и соработката помеѓу православните земји и народи
2. организирано зачувување, санирање, обновување и одржување на Цркви и Манастирски комплекси, како и учество и сугестии со сопствени проекти
2. врз основа на консултации со стручни лица - одржување на подвижниот имот во Црквите и Манастирите (икони,книги,...)
3. соработка со други невладини организации
4. организирање, вклучување и помош во различни хуманитарни активности
5. организирање и финансирање на едукативни патувања и посети на православни свети храмови (Цркви,Манастири) во и надвор од Р.Македонија
Член 6
Здружението своите цели и задачи ги остварува преку:
6. индивидуално и колективно дејствување на членовите, органите и телата на здружението
7. соработка со соодветни организации и структури од земјата и странство
8. организирање хуманитарни организации, семинари, трибини, тренинг курсеви, округли маси, печатење на весници, брошури итн.
ЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 7
Член на Здружението може да биде секој полнолетен граѓанин - државјанин на Р.Македонија, како и секој државјанин на друга држава кој доброволно ќе пристапи кон здружението со давање на писмена изјава - пристапница, и кој ќе ги прифати статутот и програмата на здружението.
Почесен член на Здружението може да биде секое лице кое дало особен придонес во развојот на истото.
Посебни членови избира Собранието со консензус, а на предлог на Извршниот одбор.
Зачленувањето на здружението се врши со потпишување на пристапница која се поднесува или испраќа до нејзиното седиште.
Здружението за своите членови води регистар на членството кој се ажурира еднаш годишно.
Член 8
Членот на Здружението ги има следниве права, должности и одговорности: 9. активно да учествува во остварувањето на целите, задачите и документите на Здружението, како и активностите кои од нив произлегуваат
10. да учествува во утврдувањето, спроведувањето на активностите на сите нивоа на организирање преку иницирање, подготовка и реализација во насока на целите, задачите и програмата на Здружението
11. да избира и да биде избран во телата и органите на Здружението
12. редовно да биде информиран за активностите на Здружението
13. членот може да има поинаков став од мнозинството и да се залага за афирмација на таквиот став во и преку органите, при што крајниот став на мнозинството е задолжителен
14. за својата работа одговара пред соодветните органи и тела на Здружението
15. редовно да плаќа членарина и
16. остварува и други права, должности и одговорности што произлегуваат од овој Статут
Член 9
Престанок на членството во Здружението настанува врз основа на:
17. писмена изјава за доброволно истапување на членот
18. одлука на Собранието за усклучување на членот
19. неплаќање на членарина
20. непочитување на статутарните одредби и одлуките и актите на органите и телата на Здружението
21. преземање на активности насочени спротивно на програмските цели на Здружението и погрешно информирање на јавноста за работите и активностите на Здружението
Член 10
Предлог за исклучување од членството се поднесува до Извршниот одбор, во писмена форма и со образложение.
Одлука за исклучување од членство донесува Собранието со мнозинство од вкупниот број на членови, а на предлог на некој од органите на Здружението.
ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 11
Органи на Здружението се:
22. Собрание
23. Извршен одбор на Собранието
24. Надзорен одбор
25. Претседател, потпретседател и генерален секретар
СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 12
Собранието е највисок орган на Здружението.
Собранието го сочинуваат сите членови на Здружението.
Право на глас на Собранието имаат членовите кои присуствувале на 1/3 од состаноците одржани помеѓу две собранија.
Собранието ги има следните права, должности и одговорности:
26. ги донесува Статутот и програмата
27. ги усвојува завршната сметка и финансискиот план
28. одлучување за основање у укинување на ограноци и други облици на организирање на Здружението
29. одлучување за здружување и разделување со друго здружение на граѓани и за зачленување во сојузи и меѓународни организации
30. констатира на прием на нови членови и престанок на членување
31. одлучува за избор на почесни членови
32. избира Извршен одбор, надзорен одбор, претседател, потпретседател и генерален секретар
33. одлучува за престанок на работата на Здружението со двотретинско апсолутно мнозинство и
34. одлучува и за други прашања кои не се во надлежност на други органи и тела.
Член 13
Собранието се одржува по потреба, а најмалку еднаш годишно.
Собранието го свикува претседателот и тоа:
35. согласно став 1 од овој член
36. по барање на орган на здружението и
37. по барање на 1/5 од вкупниот број на членови
Член 14
Собранието го отвара и со него раководи претседателот на здружението.
Собранието се свикува со писмена покана во која е содржан дневниот ред за работата на состанокот, а во прилог на поканата се доставуваат и сите приложени документи, сумирани во предлог верзии.
Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на поднесениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите.
Член 15
Собранието полноважно работи и одлучува ако на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број на членовите со право на глас.
Член 16
Собранието своите одлуки ги донесува со мнозинство гласови од присутните со право на глас, освен ако со овој статут за определени прашања не е поинаку утврдено.
Одлуките Собранието ги донесува врз основа на демократска расправа и јавно.
Гласањето може да биде и тајно доколку за тоа претходно се донесе посебна одлука.
Член 17
Од седницата на Собранието се води записник кој се усвојува на првата наредна седница на Собранието.
Записникот го води записничар на седницата.
Записникот го потпишуваат претседателот, записничарот и двајцата оверувачи.
ИЗВРШЕН ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 18
Извршниот одбор е извршен орган на Здружението.
Извршниот одбор брои 5 членови
Извршниот одбор го сочинуваат:
38. Претседателот
39. Потпретседателот
40. Генералниот секретар
41. Членови избрани од страна на Собранието на предлог на најмалку 1/3 од вкупниот број на членови или орган на Здружението.
Собранието ги избира членовите на Извршниот одбор со 2/3 мнозинство од вкупниот број на членови.
Мандатот на членовите на Извршниот одбор е 4 години, со право на повторен избор.
Член 19
Извршниот одбор одржува седници по потреба, а најмалку два пати во месецот.
Седниците на Извршниот одбор ги свикува претседателот на Здружението.
Во случај на спреченост или отсуство на претседателот, седниците ги свикува потпретседателот.
Седниците на Извршниот одбор се свикуваат со писмена покана во која е содржан предлогот на дневен ред.
За работата на седницата на Извршниот одбор се води записник, кој се усвојува на наредната седница на Извршниот одбор.
Член 20
Седница на Извршниот одбор може да биде свикана:
42. согласно член 18 став 1 од овој Статут
43. на барање на органи на здружението
44. на барање на најмалку една половина од членовите на одборот
Извршниот одбор може полноважно да работи и одлучува доколку на седницата присуствуваат повеќе од 2/3 од вкупниот број на неговите членови.
Извршниот одбор своите одлуки ги донесува со мнозинство од вкупниот број на членови на Извршниот одбор.
Член 21
Извршниот одбор ги има следниве права, должности и одговорности:
45. ги подготвува седниците на Собранието
46. го подготвува нацртот на Статутот и другите одлуки што треба да ги донесе Собранието
47. ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Собранието
48. се грижи за наменско користење и располагање со средствата и приходите, управува и одговара за управувањето со имотот на здружението
49. подготвување годишен или периодичен извештај за својата работа
50. формира работни тела и служби
51. ја одредува висината на членарината
52. донесува и ја реализира годишната програма за работа
53. донесува одлуки за набавка и отуѓување на средства
54. избира членови во случај на трајна спреченост или отказ на член на Извршниот одбор и
55. назначува координатори на работните групи на здружението.
Член 22
За извршување на своите права, должности и одговорности, Извршниот одбор е одговорен пред Собранието кое има право да отповика одделен негов член или Извршниот одбор во целост.
Предлог за отповикување можат да поднесат:
56. орган на здружение и
57. најмалку 1/3 од вкупниот број на членови во здружението.
Предлогот мора да биде доставен во писмена форма и да биде образложен.
Одлуката на Собранието е конечна и се донесува на писмена форма.
НАДЗОРЕН ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 23
Надзорниот одбор е орган на здружението.
Надзорниот одбор брои 3 члена.
Собранието ги избира членовите на надзорниот одбор со мнозинство од вкупниот број на членови.
Мандатот на членовите на Надзорниот одбор е 4 години со право на реизбор.
Надзорниот одбор свикува седници по потреба, но најмалку 4 пати во годината.
Надзорниот одбор има за цел да ја следи работата на останатите органи на здружението и да подготвува периодични и годишни извештаи за работата на органите и на здружението во целина.
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 24
Собранието избира претседател на Здружението за негување на православни вредности.
Изборот на претседател се врши согласно постапката утврдена на собрание, а на предлог на:
58. орган на здружението
59. најмалку 1/3 од членовите на Собранието
За избран се смета оној кандидат што добил мнозинство гласови од вкупниот број на членови на собранието.
Мандатот на претседател е 4 години , со право на реизбор.
Член 25
Претседателот ги има следните права, должности и одговорности:
60. ја спроведува политиката на Здружението за негување на православни вредности
61. ги свикува седниците на Собранието и Извршниот одбор
62. предлага програма за работа
63. ги потпишува и се грижи на спроведување на актите што ги донесуваат собранието и Извршниот одбор
64. го претставува и застапува Здружението за негување на православни вредности согласно овластувањата утврдени со овој Статут
65. остварува и други права, должности и одговорности што ќе му ги доверат Собранието и Извршниот одбор или кои произлегуваат од овој Статут или се утврдени со закон.
Член 26
Функцијата на претседател може да престане:
66. по негово барање
67. доколку поради неактивност, несоодветно вршење на доверените права, должности и одговорности или поради насочена активност спротивно на целите и задачите на Здружението за негување на православни вредности да биде разрешен од страна на Собранието пред истекот на мандатот
Предлог за разрешување на претседател може да поднесе:
68. орган на Здружението и
69. најмалку 1/3 од членовите на Собранието.
Предлогот за разрешување мора да биде поднесен во писмена форма и да биде образложен.
Одлуката на Собранието е конечна и се донесува во писмена форма.
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО
Член 27
Собранието избира потпретседател согласно со постапката утврдена од Извршниот одбор, а на предлог на:
70. орган на Здружението за негување на православни вредности и
71. најмалку 1/3 од членовите на Собранието.
Избран е оној кандидат кој доби мнозинство од вкупниот број на членови на Собранието.
Мандатот на потпретседател е 4 години, со право на повторен реизбор.
Член 28
Потпретседателот ги има следниве права, должности и одговорности:
72. се грижи за реализација на програмата и целите на Здружението
73. се грижи за операционализација на донесените ставови и заклучоци од органите и телата на здружението
74. во случај на спреченост или отсутност на претседателот, ги свикува и претседава со седниците на Извршниот одбор
75. остваруваат и други права, должности и одговорности што ќе му бидат доверени од Собранието и Извршниот одбор или произлегуваат од овој Статут или пак се утврдени со закон и 76. се грижи за навремено информирање на јавноста преку свикување на пресконференции и доставување соопштенија на медиумите за активностите и работата на здружението.
Член 29
Функцијата потпретседател може да се престане:
77. по негово барање 78. доколку поради неактивност, несоодветно вршење на доверените права, должности и одговорности или поради насочена активност спротивно на целите и задачите на Здружението за негување на православни вредности да биде разрешен од страна на Собранието пред истекот на мандатот
Предлог за разрешување на претседател може да поднесе:
79. орган на Здружението и
80. најмалку 1/3 од членовите на Собранието.
Предлогот за разрешување мора да биде поднесен во писмена форма и да биде образложен.
ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР
Член 30
Собранието од сопствените редови избира генерален секретар.
Изборот на генерален секретар е идентичен со изборот на потпретседател.
Функцијата на генералниот секретар може да престане под исти услови како и на потпретседателот.
Мандатот на генерален секретар трае 4 години, со право на повторен избор.
Член 31
Генералниот секретар ги има следниве права, должности и одговорности:
81. во договор со претседателот и потпретседателот ги подготвува седниците на Собранието и Извршниот одбор
82. ја координира работата и телата на Здружението за негување на православни вредности, согласно актите и насоките на Извршниот одбор
83. се грижи за спроведување на актите што ги донесуваат Собранието и Извршниот одбор
ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ
Член 32
Здружението за негување на православни вредности го претставува и застапува претседателот.
Во случај на негова спреченост и отсуство, здружението го претставува потпретседателот или генералниот секретар што ќе бидат овластени од Собранието.
Член 33
Претседателот го претставува и застапува здружението пред:
84. субјектите кои се непосредно заинтересирани за успешно остварување на целите и задачите на Здружението за негување на православни вредности
85. субјектите кои соработуваат со Здружението за негување на православни вредности и нивните официјални делегации и органи
При претставување и застапување на здружението, претседателот нема права да отстапи од целите и задачите, програмските ориентации и насоки утврдени од Собранието и овој Статут.
ОСТВАРУВАЊЕ НА ЈАВНОСТ НА РАБОТАТА
Член 34
Работата на Здружението за негување на православни вредности е јавна.
Здружението обезбедува известување на јавноста за секоја работа преку:
86. достапност на извештаите и другите материјали од работата на Здружението до членовите, другите заинтересирани лица и нивно доставување до јавноста преку средства за јавно информирање
87. издавање билтени, весници, информатори и други публикации
88. организирање на конференции за средствата за информирање
89. издавање соопштение за јавноста
90. непосредно настапување на овластените претставници пред средствата за јавно информирање и
91. други начини кои овозможуваат навремено и вистинито известување за јавноста на работата.
ПРЕСТАНУВАЊЕ СО РАБОТА
Член 35
Здружението за негување на православни вредности може да престане со работа поради:
92. неактивност и неисполнување на програмските и статутарните одредби, ако одлука на Собранието донесено со 2/3 мнозинство од вкупниот број на членови на Собранието
93. ако бројот на членови се намали под бројот определен за основање и
94. ако настапот и други причини утврдени со закон.
СТЕКНУВАЊЕ И РАСПОЛАГАЊЕ СО ИМОТОТ
Член 36
Здружението за негување на православни вредности стекнува средства и приходи од членарина, прилози, буџет, донации и подароци, грантови од проекти, средства од други активности и со нив располага во согласност со овој статут и закон.
Средствата и приходите се состојат од предмети, парични средства и материјални права.
Здружението за негување на православни вредности донесува годишен финансиски план за приходите и расходите.
Член 37
Надзор над законитоста во користењето и располагањето со средства и над соодветното и наменско користење со средствата и приходите, врши Извршниот одбор.
Секој член има право да бара да изврши увид во користењето на средствата и приходите на Здружението за негување на православни вредности.
Барањето се доставува во писмена форма до Извршниот одбор.
Член 38
По престанок на работата, имотот и другите права и приходите што остануваат по намирување на обврските преминуваат во сопственост на Бигорски Манастир "Св. Јован Крстител".
ОСНОВАЊЕ НА ОГРАНОЦИ
Член 39
Доколку во понатамошната работа на здружението се појави иницијатива и потреба за отварање на ограноци, тоа ќе може да се направи со одлука на Собранието која треба да е донесена со мнозинство од вкупниот број на членови од Собранието.
Ограноци може да се отворат и работат само на територијален принцип.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 40
Право на толкување на одредбите на овој Статут има Собранието, а помеѓу две собранија, Извршниот одбор.
Член 41
Измени и дополнувања на овој Статут се вршат по иста постапка како и за негово донесување.
Член 42
Овој Статут влегува во сила со денот на донесувањето.
СОБРАНИЕ
На Здружението на граѓани
"ЗДРУЖЕНИЕ ЗА НЕГУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВНИ ВРЕДНОСТИ"
Претседател.
__________________

„ Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг ; како што Јас ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе. “ (Јован 13:34,35).
