Здружение за негување на Православни вредности

 

Тежок е патот кон мирот и благосостојбата во овој свет, но е крајно неблагородно и одвратно да се живее во егоизам, самозаљубеност, себеугодување и саможивост. Ајде да направиме еден малечок ама вреден чекор напред заради општото Добро. Да се погрижиме ние за Божјото, а Бог ќе се погрижи за нашето...

Заради неопходна потреба од помош од хумани луѓе со разбирање, се обраќаме до сите кои можат да излезат во пресрет.


*   *   *


АПЕЛ до сите хумани луѓе ! ! !

Спировски Роберт, роден на 26.11.1995 година од село Раотинце, Тетово, боледува од малиген рак на бели дробови. Потребно е да се изврши операција на 20.06.2010 година во Австрија, за која (операција) се потребни големи парични средства, до 50 000 евра.

Здружението за негување на православни вредности упатува АПЕЛ до сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат, нека донираат на следнава жиро сметка: 290500003085014 ТТК Банка.

По молитвите на Пресвета Богородица и на сите светии, Господ Исус Христос, нека го помилува Роберт, нека ги помилува и сите кои ќе допринесат за да се изврши операцијата. Господ, Бог, нека ни помогне на сите и нека ни даде колку сака, што сака и кога сака. АМИН.

П.С: Кој неможе да помогне парично, барем нека се помоли на Пресветата и на Господ Исус Христос за чедото Роберт.

Објавено на 11.06.2010 година



*   *   *


Да помогнеме ние денес некому кој има потреба. Утре можеби ние ќе имаме потреба од нечија помош. Ако секој од нас фрли само по едно малечко зрнце песок при градењето на една куќа, тогаш од нашата слога и човечност куќата ќе ја дигне Господ и ќе ја дигне брзо.

Ве молиме, поракиве со апели препратете ги секому кому можете преку и-меил, преку сите медиуми (ТВ, радио, интернет портали, интернет форуми...), ако сте во можност направете флаери и поделете ги секаде и секому, направете налепници и лепете ги секаде во Вашиот град и кажете секому кому можете... направете се’ што е во ваша можност за да овие апели стигнат до што повеќе луѓе, оти колку повеќе луѓе ќе чујат, толку повеќемина ќе може да бидат информирани и би помогнале.

Ајде да дејствуваме СИТЕ - ЗАЕДНО и СЛОЖНО, за да можеме од овој свет да направиме едно барем малку поубаво и попријатно место за живеење за СИТЕ Нас.

Господ нека Промисли! Господ нека Води! Господ нека Благослови!
За Негова Слава и за општото добро, Господ нека е на Помош! Амин!